четврток, октомври 22, 2026
Дома СКОПСКА Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар

Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар

1

Општина Центар ги повикува граѓаните да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План.

Во новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, ЛЕАП за периодот 2026 – 2032 година ќе се идентификуваат сегашните притисоци врз животната средина и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

-Кажете ги Вашите размислувања, во однос на тоа како Вие ги чувствувате еколошките проблеми и секојдневните предизвици, поврзани со нив, како и вашите предлози за подобрување на квалитетот на живеење во Општината. Вашето мислење е од особена важност за дефинирање на идните акции за подобрување на постојните состојби во животната средина – повикуваат од локалната самоуправа, нагласувајќи ја потребата граѓаните активно да се вклучат во креирање на идните политики на Општината од аспект на заштита на животната средина и да учествуваат во креирање на одржлива заедница преку пополнување на анкетен прашалник.

Од Општината уверуваат дека анкетата е целосно анонимна.

 

ИЗДВОЕНИ