недела, јуни 7, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Зверев повеќе не е најдобриот играч што никогаш не освоил Гренд слем!...

Зверев повеќе не е најдобриот играч што никогаш не освоил Гренд слем! Титулата на Ролан Гарос е негова

27
EPA/YOAN VALAT

Во напнатото финале на Ролан Гарос, Александар Зверев го победи Флавиус Коболи со 3-2 во сетови и ја освои својата прва титула на Гренд слем. Германецот, втор носител, победи со 6-1, 4-6, 6-4, 6-7, 6-1. Зверев стана првиот Германец кој освоил Гренд слем по Борис Бекер во 1996 година.

Зверев стана шампион на Гренд слем и го симна притисокот од тоа што е најдобриот играч кој никогаш не освоил Гренд слем трофеј. Сега тој симна многу голем притисок од своите рамена, па затоа можно е да видиме една од двете работи во иднина – апсолутно задоволство или некаков вид преродба на Зверев, кој сега веројатно ќе биде многу подобар играч во финалињата.

Германецот на патот до титулата ги победи Бенџамин Бонци, Томаш Махах, Квентин Алис, Јаспер де Јонг, Рафаел Ходар, Јакуб Меншик и на крај Коболи. Тој загуби само четири сета по патот, но два во финалето, што е сосема очекувано со оглед на неговата историја.

 

ИЗДВОЕНИ