вторник, јули 21, 2026
Дома СВЕТ „Зошто полицајците не се суспендирани и под истрага?“: Немири во Саутхемптон поради...

„Зошто полицајците не се суспендирани и под истрага?“: Немири во Саутхемптон поради ланското убиство на студент

108

Немири во британскиот град Саутхемптон по убиството на 18-годишниот студент Хенри Новак. Студентот почина во декември откако беше избоден пет пати.

На судењето на убиецот беа прикажани снимки од апсењето на кои се гледа како полицајците му ставаат лисици на смртно ранетиот студент, верувајќи во тврдењето на убиецот дека бил жртва на расно мотивиран напад. Внатрешна истрага, започната еден ден по инцидентот од страна на Независната канцеларија за полициско однесување, е во тек.

„Хенри не умре достоинствено. Не умре со грижата што ја заслужуваше. Се онесвести пред некој да му поверува“, рече неговиот татко, Марк Новак.

„Како мајка која исто така го загуби својот син, не мислам дека владата и полицијата се справија добро со оваа ситуација. Зошто полицајците не се суспендирани и под истрага? Се чини дека постои двоен стандард низ целата земја. Еден за нас, еден за нив и тоа мора да престане“, рече Аби Ричардс.

ИЗДВОЕНИ