Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги известува граѓаните дека денеска, жичницата на Водно нема да биде во функција поради прекин на електричната енергија на крајната станица кај Милениумски крст.
-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и по санацијата на дефектот на дистрибутивната мрежа и нормализирањето на испораката на електрична енергија, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето – соопштија од ЈСП.












