Имам во мојот плакар такви некои фустани кои ги чувам со посебна љубов. Овој во кој пеев во Македонија го купив пред повеќе од 10 години. Така да најубавите работи немаат цена. Љубоморни си го чувам фустанот за најубавите настапи, а мојата публика во Македонија е една од најубавите, најмилите.

 Се уште популарната сплитска пејачка Данијела Мартиновиќ (нам тука добро позната по евровизискиот хит “Нека ми не сване“) неодамна успешно настапи во неколку градови во Македонија. На еден од тие настапи пееше во фустан кој го носела и пред 10 години стар. Тоа значи дека воопшто не е здебелена.

-Добро е ако така, да немам некој килограм повеќе, внимавам јас што јадам, вели пејачката широко насмеана. Имам во мојот плакар такви некои фустан кои ги чувам со посебна љубов. Овој во кој пеев во Македонија го купив пред повеќе од 10 години. Така да најубавите работи немаат цена. Љубоморни си го чувам за најубавите настапи, а мојата публика во Македонија е една од најубавите, најдрагите. Затоа често овде гостувам.Фустанот пак ќе го облечам. Веројатно повторно кај вас во Македонија, порачува разубавената Данијела.

Инаку, пејачката го остави тешкиот период во животот, не сака дури ни да се сеќава на пропадната љубов со пејачот Петар Грашо. Сега ужива со инспекторот по криминалистика Јосип Плавиќ. – Тој се вовлече под мојата кожа некако тивко, нечујно, срамежливо, џентлменски, па кога тоа го сфатив, останав занемена. Воопшто не очекував таква љубов и такви емоции. Единствено знам дека сега сум асолутно среќна. Ми требаше некој таков маж кај кого не наоѓам маани. Да знаете дека животот е толку прекрасен што треба да се фрлиш во прегратките на жвотот. Јас сум позната по тоа.

– Првата средба ни се случи пред околу две години, преку Интернет. Имав една непријатна случка со мојот украден идентитет за некоја реклама, па ме упатија во оделот за криминалистика. Таму го видов Јосип. Од таму се започна. Најпрво со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше неизбежно да се случи. Потоа се  запознававаме, поминувавме многу време разговарајќи. Пополека почнавме да забележуваме дека имаме исти интереси за животот, за музиката. Навистина сум среќна, нема што да додадам или одземам, раскажува Данијела.

(Д.М.) фото:архива

 

ИЗДВОЕНИ