петок, октомври 30, 2026
Дома СВЕТ Сеизмички рој кај Сицилија – ноќеска регистрирани 10 земјотреси

Сеизмички рој кај Сицилија – ноќеска регистрирани 10 земјотреси

21

Во текот на ноќта, во јужниот дел на Тиренското Море, во близина на брегот на Сицилија, беа регистрирани десетина земјотреси со магнитуда од 2,1 до 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), сеизмичката активност била забележана во периодот помеѓу 01:17 и 07:15 часот, пренесува агенцијата „Аднкронос“.

Последниот потрес бил регистриран на длабочина од 10 километри.

Потресите се случиле во морскиот појас во близина на Сицилија, а достапните податоци укажуваат на зголемена сеизмичка активност во тој дел од јужното Тиренско Море.

Засега нема извештаи за материјална штета или за повредени лица.

ИЗДВОЕНИ