
Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека италијанскиот стручњак, Роберто де Зерби, е заинтересиран за менаџерската позиција во редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Популарните „петли“ играат очајно во актуелната сезона и моментално водат голема борба за опстанок во елитното друштво. Од друга страна, Де Зерби пред неколку недели стави крај на соработката со францускиот гигант Олимпик од Марсеј.











