На плажата во грчкото одморалиште Пефкохори на Халкидики, бил пријавен инцидент во кој рибата зајак (лагокефалос) нападнала пливачка и ја каснала за глуждот додека влегувала во морето.
Според нејзината изјава за грчката телевизија ANT1, инцидентот се случил додека таа била на плажа со група пријатели и влегла во водата до колена. Кратко по влегувањето во морето, почувствувала силна болка во ногата.
„Реков: „Нешто ме гризе и не ме пушта“, а јас погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагокефалос, бидејќи бев информирана. Сфатив дека е тоа, се испаничив и почнав да ја тресам ногата за да ја отстранам, бидејќи ме касна и не ме пушташе. Веднаш истрчав од морето, бев во паника и почнав да плачам“, раскажала таа.
Нејзините пријатели сфатиле дека нешто се случува и излегле од морето со неа. Таа објаснува дека среќната околност била положбата на каснувањето.
– За среќа, ме касна точно преку коската на мојот глужд, па неговите заби не успеаја да предизвикаат подлабоко оштетување на ткивото. Сепак, остави прилично голема и забележлива дупка во мојот глужд – објаснила жената.
View this post on Instagram
На плажата, присутните ѝ пружиле прва помош и го запреле крварењето. После тоа, таа била префрлена во локалниот здравствен центар каде примила серум против тетанус и терапија која вклучува антибиотици. Раната и била исчистена и санирана.
– Апсолутно нема шанси да станува збор за нешто друго. Јасно ја видов рибата, знам како изгледа и невозможно е да ја помешам со кој било друг вид – рече таа.
Грчкиот Црвен крст претходно издаде официјално предупредување за присуството на рибата зајак.
Рибата пуфер, позната и како лагоцефалус, припаѓа на семејството пуфери и се смета за еден од најинвазивните видови во Средоземното Море. Оваа риба е позната по своите моќни вилици и заби слични на клун, со кои може да нанесе сериозни каснувања, иако главно се храни со школки и мали организми. Нејзиното присуство во Јадранското и Егејското Море се зголемува во последните години, што експертите го припишуваат на промените во температурата на морето.
Грција во борба со инвазивната риба: Рибарите ќе добиваат над 5 евра за килограм за нејзин улов












