Брачна двојка од американската сојузна држава Мичиген се соочува со обвинувања за убиство и мачење по смртта на нивниот седумгодишен син Каспер. Момчето починало од срцев застој предизвикан од екстремна дебелина, а родителите наводно го хранеле исклучиво со грицки.
Четириестгодишниот Дамиен О’Брајан и неговата една година постара сопруга Џесика се уапсени по повеќемесечна истрага. Локалниот обвинител Дејвид Лејтон го опиша ова како еден од најужасните случаи на запоставување во својата 22-годишна кариера.
Во Во ноември минатата година, мајката повикала брза помош бидејќи момчето не можело да дише. Брзата помош во семејната куќа, која беше покриена со ѓубре, затекна ужасна сцена. Седумгодишниот Каспер беше целосно неподвижен и врзан за импровизиран кревет. Во тоа време, тежеше 115 килограми, што е четири пати повеќе од просекот за негова возраст. Почина во болница неколку часа подоцна, објавува MSN.
Обдукцијата потврди дека момчето страдало од проширена кардиомиопатија, односно од тешка болест на срвевиот мускул. Патологот истакна дека родителите го хранеле само со чипс и помфрит бидејќи наводно имало „проблем со тесктурата на храната“.
Истрагата откри дека Каспер никогаш не одел на училиште ниту некој во системот знаел дека постои. Иако таткото имал стабилна работа и здравствено осигурување за целото семејство, момчето го однеле на лекар само еднаш во животот, игнорирајќи ги сите насоки на специјалистите.
Во нивната семејна куќа е пронајдена и нивната петгодишна ќерка, која исто така било екстрмно обесна. Полицајците ја затекнале како гола и влакана трча низ куќата. Девојчето е одземено од родителите веднаш и е предадено на социјална служба, а на брачната двојка О’Брајан, доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживоте затвор, пренесува дневник.хр.












