Наградниот фонд за годинешниов грен- слем турнир Ролан Гарос во Париз, е зголемен за околу 10 проценти на 61,7 милиони евра, објавија организаторите на турнирот. Наградниот фонд е зголемен за 5,3 милиони евра во споредба со минатата година.
Шампионите во женската и машката конкуренција ќе добијат по 2,8 милиони евра, а финалистите по 1,4 милиони евра. Полуфиналистите ќе заработат по 750.000 евра, а поразените во првото коло на Ролан Гарос ќе заработат по 87.000 евра. Шампионите во двете натпреварувања во двојки ќе добијат по 600.000 евра, а шампионите во мешани двојки по 122.000 евра.
Директорката на турнирот, Амели Морезмо, на прес-конференција изјави дека за прв пат играчите ќе можат да носат преносни уреди за собирање податоци на теренот за да добијат увид во нивните физички перформанси. Ролан Гарос започнува на 24 мај во Париз, а титулите ги бранат Карлос Алкараз и Коко Гоф.












