четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Земјотрес со јачина од 5,7 степени ги погоди Соломонските Острови

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ги погоди Соломонските Острови

41

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди Соломонските Острови во Тихиот Океан денес, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот беше на отворено море, на длабочина од 35 километри, пренесе „Танјуг“. Досега нема извештаи за повредени, ниту за предизвикана материјална штета.

ИЗДВОЕНИ