недела, февруари 22, 2026
Дома БАЛКАН Земјотрес со јачина од 4,1 степен го погоди грчкиот остров Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен го погоди грчкиот остров Санторини

103

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово околу 07:57 часот во близина на островот Санторини во Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 11 километри и околу пет километри од градот Иос на островот Санторини, на Кикладите, во Јужното Егејско Море.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ИЗДВОЕНИ