сабота, септември 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Вистинската есен доаѓа точно навреме: Од вторник ладен бран од север ќе...

Вистинската есен доаѓа точно навреме: Од вторник ладен бран од север ќе ги снижи температурите за 10 степени

67

Од вторник (22 септември) територијата на Македонија влегува во многу поладен период, и тоа поради продор на значително поладен воздух од север кој ќе услови да дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурите ќе бидат во опаѓање и тоа за повеќе од 10 степени за разлика од оние кои ги имаме сега, најави Славчо Попоски.

Овој ладен продор од север ќе биде релативно сув и без некои врнежи, освен во понеделник (21 септември) во попладневните и во вечерните часови кога ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд.

Веќе од вторник (22 септември) па во деновите потоа утрата ќе бидат многу посвежи па дури и релативно ладни со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. На повисоките населени места и на планините температурите може да бидат уште пониски, а на планинските врвови тие ќе се спуштат и под нулата. Не се исклучува можноста во овој период да се појават и првите утрински мразеви во Македонија за оваа сезона, особено на повисоките населени места и на планините.

Многу пониски ќе бидат и максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Овие температури кои се очекуваат од вторник (22 септември) па во деновите потоа ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, напоменува метеорологот.

Ова значи дека ни доаѓа вистинската есен од вторник (22 септември) во Македонија.

ИЗДВОЕНИ