сабота, септември 19, 2026
Дома БАЛКАН Стравично злосторство во Нови Сад: Син уби мајка

Стравично злосторство во Нови Сад: Син уби мајка

0

Ужасно злосторство се случи утрово, околу 4 часот, на улицата „Алекса Шантиќ“ во Нови Сад.

Според првичните информации објавени на Инстаграм-профилот „192“, син ја убил својата мајка со нож.

На местото на настанот се наоѓаат силни полициски сили, а во тек е истрага.

Малку пред 6 часот наутро, полицијата изведе маж осомничен за кривичното дело од стан на улицата „Алекса Шантиќ“ во населбата Грбавица во Нови Сад и го одведе во полициската станица.

Тој беше прегледан од екипа на итната медицинска помош, која исто така е присутна на местото на настанот уште од утринава.

На лице место се присутни и службите за погребни услуги за да го преземат телото на жртвата.

Повеќе детали ќе бидат познати по официјалното соопштение од полицијата.

Увидот на лице место сè уште е во тек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

ИЗДВОЕНИ