сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Земјотрес почувствуван ноќеска во околината на Охрид

Земјотрес почувствуван ноќеска во околината на Охрид

157

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во околината на Охрид, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4“, информираат оттаму.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес ја погоди Албанија, се тресеше тлото недалеку од Тирана

ИЗДВОЕНИ