Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди туристичкиот регион Алгарве во јужна Португалија, соопшти Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA).
Земјотресот е пријавен во 7:59 часот наутро по локално време и бил почувствуван во градовите Лагос и Портимао, објави Ројтерс.
IPMA додаде дека врз основа на достапните информации, нема повредени или материјална штета.












