Одделението за внатрешни работи во Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете” по чл.201, став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената, ноќта помеѓу 08 и 09 јуни годинава, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.
Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески” во Струга ги затекнале децата како спијат, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид во билтенот.












