Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 17 часот и 41 минута, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје.
„Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML 3.5“, информираат од Опсерваторијата.
Интензитетот на земјотресот бил проценет на IV степени според Европската макросеизмичка скала.












