Едно лице загина во две експлозии за време на пожар во бродоградилиште во Њујорк, каде што синоќа интервенираа повеќе од 200 пожарникари.
Властите велат дека 36 лица се повредени, претежно пожарникари кои дојдоа на местото на пожарот и првата експлозија, но имаше и втора.
„Ова е сложена ситуација која брзо се развива“, изјави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, за новинарите.
„Неколку лица се јавија во противпожарната служба околу 15:30 часот, пријавувајќи чад и двајца работници заробени во подрум во задниот дел од бродоградилиштето“, изјавија пожарникарите.
Пожарникарите и екипите за итни случаи пристигнале во рок од шест минути, но набрзо следела експлозија, пренесе „Бета“.












