среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во последното деноноќие: Полицијата лишила од слобода три лица – примени се...

Во последното деноноќие: Полицијата лишила од слобода три лица – примени се вкупно пет пријави за семејно насилство

37

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода.

На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал.

На 23.05.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.А.(18) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36 годишна мајка, дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неа и на неговиот малолетен брат. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

На 22.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, нејзиниот сопруг, со кого не живеат заедно и имаат нарушени односи, физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка.
На 22.05.2026 во 23:35 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Н.П.(37) од виничко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со неговата мајка физички ја нападнале неговата 22-годишна сопруга.

ИЗДВОЕНИ