сабота, јуни 13, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Украина не може да чека да заврши војната со Иран

Зеленски: Украина не може да чека да заврши војната со Иран

102
EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека војната во Иран го одвлекла вниманието од руската агресија врз неговата земја, предупредувајќи дека е „голем ризик“ напорите за завршување на воната во Украина да не можат да продолжат додека судирот во Иран не заврши.P

Во интервју за „Си-ен-ен“, Зеленски рече дека техничките разговори со Соединетите Американски Држави се водат и понатаму, но дека не гледа можност за личен состаник додека „не се затвори“ прашање со Иран.

Тој истакна дека е предизвик тоа што што истиот американски преговарачки тим, предводен од преставниците Стив Виткоф и Џаред Кушнње, учествуваат во преговорите и за војната во Иран и за Украина.

Зеленски нагласи дека, иако разбира дека Соединетите Американски Држави во моментот се сосредоточени на војната во Иран, Украина не смее да биде запоставена, бидејќи борбите продолжуваат и понатаму.

„Не е опција да се каже дека за Украина ќе разговараме подоцна. Украина „не е подоцна“. Украина е веќе во голема трагедија и мораме истовремено да бараме решение“, рече тој. Украинскиот претседател, исто така, наведе дкеа војната влијае врз испораката на противбалистички проектили, истакнувајќи дека Украина не добива доволна количина поради ограничените производни капацитети на САД, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ