Трамп во декември беше информиран од министерот за образование, Јоав Киш, дека ќе му биде доделена наградата Израел во категоријата „посебен придонес за еврејскиот народ“, а вчера потпиша сертификат за наградата.
Киш во видео порака до медиумите наведе дека смета дека не постои „која било друга личност што може да ги одбележи толку неверојатните достигнувања и прекрасната врска со еврејскиот народ освен Трамп во моменов“, наведува израелскиот весник.
На церемонијата се прикажува снимка од произраелските акции на Трамп за време на двата негови претседателски мандати, вклучувајќи и снимка од објавувањето на Аврамовите договори во 2020 година, неговиот говор во Кнесетот во октокври минатата година и неговите бројни состаноци со премиерот Бенџамин Нетанјаху за време на изминатата деценија.
Се очекува американскот претседател да го посети Израел во претстојните месеци и тогаш наградата ќе му биде лично врачена.
Објавата за доделувањето на наградата на Доналд Трамп доаѓа во време на судири и напнатости на Блискиот Исток, поттикнати од почетокот на американско-израескиот напад на Иран на 28 февруари.












