Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор (38), сè уште верува дека може да се врати во УФЦ, и покрај сериозната повреда на коленото поради која повторно беше принуден да паузира.

Ирецот во јули се врати во октагонот по петгодишно отсуство, но неговата борба против Макс Холовеј заврши по само 69 секунди. По повредата, Мекгрегор мораше да биде опериран, а му беа дијагностицирани оштетувања на предните вкрстени лигаменти и менискусот.

Неговиот долгогодишен тренер, Џон Кавана, откри дека закрепнувањето напредува добро, но дека ќе биде потребно време пред повторно да започне со тренинзи.

  • Тој вели дека сака повторно да се бори. Го познавам 22 години и многупати сум го гледал како прави работи што изгледаа невозможно. Ако вели дека се враќа, нема да се сомневам во него, изјави Кавана.

Според тренерот, Мекгрегор би можел да започне со ММА-тренинзи дури во 2027 година, бидејќи моментално целосно е посветен на рехабилитацијата.

ИЗДВОЕНИ