
Нападите врз рафинериите за нафта не влијаат врз подготовките за претстојните трилатерални разговори за Украина во Абу Даби, бидејќи подготвителниот процес не вклучува преземање какви било обврски за ограничување на борбените дејствија, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Не. Бидејќи подготовките за разговорите не подразбираат преземање никакви обврски во однос на ограничувањето на борбените дејствија“, им рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето дали нападите врз рафинериите за нафта би можеле да влијаат врз организирањето на средбата.
Тој истакна – како што пренесува „Интерфакс“ – дека руската страна во повеќе наврати изразила противење на прекин на огнот, што, според него, би им „овозможило на Украинците здив“, пренесува „Танјуг“.
„Преговорите се подготвуваат“, рече Песков.











