Црвениот крст на град Скопје jа одбележува Неделата на грижа за старите лица преку реализација на хуманитарни, здравствено-превентивни, едукативни и рекреативни активности во рамките на социјалната услуга Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови, со цел, поттикнување на активното и здраво стареење и поголема социјална вклученост на старите лица.
Во рамките на активностите, денеска беше организирано дружење на корисниците од Дневниот центар за стари лица во Чаир и Дневниот центар во Сарај, потоа посета на домовите за стари лица „Светла надеж“ и „Мајка Тереза“.
За утре се предвидени здравствено-превентивни активности. Притоа ќе бидат поставени информативни пунктови каде што ќе се мери крвен притисок и шеќер во крвта и тоа на три локации во Скопје: автобуската постојка на Зелен пазар, ТЦ „Бисер“ и плоштадот во Сарај. Истиот ден ќе се вршат и офталмолошки прегледи, поточно мерење на очен притисок, а ќе има и музичко-забавна програма во Центарот за дневен престој за стари лица во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“.
В среда ќе се организира прошетка во Крушево, што претставува можност за рекреација, дружење и активно поминато слободно време на старите лица. Истиот ден ќе има и ЕКГ-прегледи, но и ќе се подготвува зимница. В четврток, учениците од средното училиште „Димитар Влахов“, на старите лица ќе им понудат фризерски услуги, а исто така ќе биде организиран и хуманитарен базар со волонтерите од Општинската организација на Црвен крст-Чаир.
– Вечерта ќе имаме посета на Македонскиот нареден театар со претставата „Торонто експерес“. На 20 ноември, се предвидени физеотерапевтски услуги во соработка со средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ – и формираше Елеонора Андонова, координатор на социјалната услуга Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење.
(А. П.)












