Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година за заеднички да се утврдат приоритетите за развој.
Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, на 18, 19 и 23 ноември 2026 година, според следниот распоред: Прв буџетски форум – Влае, Злокуќани и Бардовци (Урбани заедници: „Влае 1“, „Влае 2“, „Злокуќани“ и месна заедница „Бардовци“). Потоа втор буџетски форум – Карпош и Тафталиџе (урбани заедници: „Карпош 1“, „Карпош 2“, „Карпош 3“, „ Карпош 4“, „Тафталиџе 1“ и „Тафталиџе“) и трет буџетски форум – Козле, Млечен и Нерези (урбани заедници „Кузман Јосифовски-Питу“, „Пецо Божиновски-Кочо“, „Владо Тасевски“ (Млечен) и „Нерези“.
– Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните – порачуваат од локалната самоуправа.












