Здрава котлина: Кланицата во Струмица работи со полна пареа и директно испушта крв во реката!

104

Здрава котлина од Струмица на нивниот фејсбук профил пред малку објави видео на кое се гледа како црвена боја го обојува каналот во близина на кланицата во Струмица. Од Здрава котлина посочуваат дека црвената боја е од крвта на јагнињата што се колат во кланицата.

– Кланицата во Струмица работи со полна пареа и директно испушта крв во реката. Цевката со крв доаѓа од објектот каде се колат јагниња. Ова е инфективен материјал и во никакви околности не смее да се случува за индустриски капацитет што има Б дозвола. Дали ова е соодветно за Б интергрирана еколошка дозвола? – се вели во  нивната објава на Фејсбук.

Видеото на Здрава котлина:

ИЗДВОЕНИ