Урдата може да се јаде самостојно или да се додаде во кајгана, намази, палачинки и сосови. Нутриционистката, Меги Михалчик истакнува дека тоа е добар извор на протеини, калциум, калиум, фосфор и витамин Б12. Сепак, некои видови содржат многу заситени масти и натриум.

Нутриционистката Сара Мормент вели дека има предности и недостатоци на сирењето, но може да биде дел од здрава исхрана за срцето.

„Како и со сè, големината на порцијата е клучна за да се избегне вишок маснотии и сол“, вели диететичарката Тара Списак за Параде.

Добар извор на протеини, но внимавајте на солта

Една од главните предности на урдата е нејзината висока содржина на протеини.
„Околу 110 грама гранулирано сирење содржи приближно 13 грама протеини, што е еднакво на количината што се наоѓа во околу 60 грама месо“, тврди Списак.

Михалчик препорачува опции со помалку маснотии за луѓе со срцеви проблеми или висок холестерол.
Високата содржина на натриум може да биде проблем.

Урдата може да го зголеми крвниот притисок поради високата содржина на натриум“, предупредува Списак и наведува дека околу 110 грама содржи приближно 350 милиграми натриум.

Од друга страна, калиумот помага во регулирањето на крвниот притисок, додека калциумот учествува во работата на срцето и крвните садови.

Сите тројца нутриционисти се согласуваат дека урдата може да биде дел од здрава исхрана за срцето.
„Само по себе, урдата е одличен извор на протеини за појадок или ужина“, забележува Мормент.

Михалчик предлага да се комбинира со бобинки, ореви, семе од чиа и цимет, додека Списак препорачува урда со овошје заедно со тост од цело зрно и авокадо.

ИЗДВОЕНИ