Затворен е патот кон Теферич на Водно

105

Патот кон Теферич на Водно е затворен поради свлечиште, информираа од Општина Кисела Вода.

Оттаму објаснија дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич (улица „Мариовска“), кој, како што велат, тоне, и на дел од конструкцијата се појавиле пукнатини, поради што тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини.

– Ќе биде затворен до отстранување на проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење на алтернативните патишта, сè до изнаоѓањето решение за надминување на оваа ситуација – соопштија од локалната самоуправа.

И од Општина Сопиште испратија апел до граѓаните да не го користат патот преку Теферич, бидејќи не е безбеден за сообраќај.

 

 

ИЗДВОЕНИ