Американската војска соопшти дека извршила серија напади врз повеќе локации во Иран во текот на ноќта, опишувајќи ја операцијата како „моќен“ одговор на обидот на Техеран да ги нападне американските сили распоредени на Блискиот Исток со балистички ракети претходниот ден.
Според Централната команда на САД, ЦЕНТКОМ (CENTCOM), целите вклучувале командни центри, инфраструктура поврзана со производство на балистички ракети и беспилотни летала, објекти за крајбрежен надзор и воздушна одбрана и поморски средства. ЦЕНТКОМ ја објави операцијата на социјалната мрежа X во раните утрински часови по локално време во Иран.
Американската команда соопшти дека целта на операцијата е дополнително да се намали „заканата што Иран и неговите сојузници ја претставуваат за американските сили, комерцијалните бродови и соседните земји од Персискиот Залив“.
Во исто време, од Иран дојдоа информации за експлозии на југот од земјата. Новинската агенција Фарс, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда (ИРГК), соопшти дека нападите биле на островот Кешм во Ормутскиот теснец и во покраината Бушер.
Американската војска претходно соопшти дека Иран испалил неколку балистички ракети кон американските воени сили на Блискиот Исток во раните утрински часови во среда. Тоа беше прв таков напад од страна на Техеран откако Вашингтон ги суспендираше сопствените напади врз цели во Иран во текот на викендот.
Според ЦЕНТКОМ, американските сили успеале да ги пресретнат сите ракети, додека не беше прецизирано кои локации биле целите на иранскиот напад.
U.S. Central Command (CENTCOM) announced that U.S. forces conducted a heavy wave of strikes against dozens of IRGC targets across Iran at approximately 10 p.m. ET, describing the operation as a response to Iran's attempted ballistic missile attack on U.S. forces in Jordan… https://t.co/jkaO1HoTzC pic.twitter.com/Ph0covt2QP
— OSINTdefender (@sentdefender) July 30, 2026
Иранската државна телевизија, повикувајќи се на соопштението на ИРГК, објави дека ракетите биле насочени кон американската воена база во Јордан. Јорданската војска соопшти дека пресретнала пет балистички ракети лансирани од Иран.
Кратко потоа, американските сили и Саудиска Арабија извршија заеднички напади во Ирак. Американската војска соопшти дека целите биле „терористи“ поддржани од Иран.
ЦЕНТКОМ соопшти дека операцијата е одговор на повеќе од 30 напади со беспилотни летала извршени од страна на КЧИР во претходните 72 часа.












