По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, а на барање на Сојузот на борците на Македонија, во паркот пред споменикот на борците од Првиот скопски партизански одред, во населбата Карпош 3, засадени се 20 новиукрасно-декоративни дрвја. Станува збор за 18 фотинии и две спирални туи, обезбедени со средства од буџетот на Општина Карпош.
Во засадувањето учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов.
Од Општината велат дека пеку годишната програма на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, континуирано издвојуваат средства за набавка и засадување нови садници на претходно утврдени локации.
-Засадувањето во пролетните и есенските акции придонесува кон облагородување на јавните простори, унапредување на животната средина и зголемување на зелениот фонд на територијата на Општина Карпош – нагласуваат од локалната самоуправа.












