четврток, ноември 26, 2026
Дома СКОПСКА Заменети дотраените покриви и обновени спортските терени на средните училишта

Заменети дотраените покриви и обновени спортските терени на средните училишта

1

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека изминатиов период се заменети дотраените покриви на скопските средни училишта.

 – Со години, додека учениците учеа, а професорите предаваа, покривите над нив прокиснуваа. Со години се знаеше за проблемот, а неговото решавање се оставаше за некое друго време. Како градоначалник, сметам дека ниту една генерација не смее да го помине школувањето чекајќи основни услови за настава. Затоа ги заменивме дотраените покриви. Под тие нови покриви ќе учат и денешните средношколци и генерациите што доаѓаат по нив. Моја одговорност како градоначалник е да ви обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности – изјави Ѓорѓиевски.

Toj нагласи дека во градските средни училишта обновени се спортските терени, училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли, а обезбедено е и ормарче за секој ученик, како и бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата.

– Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Иднината на Скопје денес седи во училишните клупи и заслужува да го добие најдоброто од нас – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека во тек е поставувањето фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе се градат две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров.

 

 

ИЗДВОЕНИ