сабота, јуни 6, 2026
Дома МАГАЗИН Замина Џејмс Толкан – холивудски ветеран и ѕвездата од „Топ Ган“ и...

Замина Џејмс Толкан – холивудски ветеран и ѕвездата од „Топ Ган“ и „Враќање во иднината“

367
screenshot youtube

Американскиот актер Џејмс Толкан, познат по своите улоги во филмовите „Топ Ган“ и „Назад во иднината“, почина на 94-годишна возраст, објави неговиот агент.

Толкан починал во четвртокот во градот Лејк Плесид во американската држава Њујорк, каде што живееше, потврди неговиот агент Џон Алкантара, пренесува NBC News, додавајќи дека причината на смртта не е позната и дека само е наведено дека починал „мирно“.

Во „Враќање во иднината“, Толкан го играше заменик-директорот Џералд Стрикланд, строг училишен администратор кој ги надгледуваше учениците, особено ликот Марти Мекфлај, што го глумеше Мајкл Џ. Фокс.

Во „Топ Ган“ го играше командантот Том „Стингер“ Џардијан, супериорен во однос на ликот на Питер „Маверик“ Мичел, кој го глумеше Том Круз.

Толкан е роден во Калумет, Мичиген, се школувал во Аризона и служел во американската морнарица за време на Корејската војна, по што се преселил во Њујорк.

Тој зад себе ја остави сопругата Пармели Велс, со која беше во брак 54 години, а која изјави дека бил страствен колекционер на уметнички дела и голем љубител на животни, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ