
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во кинескиот југозападен регион Гуангкси, рано изутринава, уби брачен пар – маж на 63 и жена на 53-годишна возраст и принуди повеќе од 7.000 луѓе во градот Лиуџоу да се евакуираат, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а властите предупредуваат за прекини во транспортот.
Еден човек се води како исчезнат, додека четири лица се испратени во болница, но без повреди опасни за живот, соопштија ЦЦТВ и државната новинска агенција „Синхуа“. Државниот радиодифузен сервис информира дека е во тек акција за пребарување и спасување на исчезнатото лице. Деведесет и едногодишен маж, кој претходно беше исчезнат, беше пронајден и испратен во болница на лекување, додаде ЦЦТВ.
Од земјотресот се срушија 13 згради, а видеата покажуваат луѓе како бегаат од висококатниците и купиштата урнатини.
Железничките власти пријавија прекини во транспортот, бидејќи ја проверуваа сигурноста на железничката инфраструктура. Комуникациите и далноводите, снабдувањето со вода и гас и сообраќајот во погодената област функционираа нормално, соопштија државните медиуми, пренесе „Чајнањуз Азија“.











