недела, ноември 22, 2026
Дома СВЕТ Откако објави слика со Путин на која напиша „Мојот пријател“: Трамп планира...

Откако објави слика со Путин на која напиша „Мојот пријател“: Трамп планира поширок прекин на огнот во Украина, по примерот на Меланија

1

Откако во саботата објави фотографија со рускиот претседател Владимир Путин на која на напиша „Мојот пријател“, американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД работат на поширока верзија на прекин на огнот меѓу Украина и Русија, по примерот на оној што го обезбеди првата дама Меланија Трамп. Целта е да се прошират претходните хуманитарни договори што овозможија евакуација на цивили од областите погодени од војната.

Тој не даде детали за тоа како треба да функционира новото примирје, кои области ќе ги опфати или дали Русија и Украина веќе се согласиле со тој предлог, но ја пофали сопругата Меланија за нејзиното учество во хуманитарни иницијативи и соработка со службеници и медијатори вклучени во евакуацијата на цивилите.

Оваа изјава на американскиот претседател доаѓа откако, во петокот, Меланија Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека се надева дека Украина и Русија би можеле да постигнат нов договор за прекин на огнот до Божиќ. Таа додаде дека преговорите се во тек и дека тие би можеле брзо да донесат резултати доколку двете страни покажат подготвеност за договор. Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ажуриран список на окупирани населби во регионите Херсон и Запорожје од кои Киев сака да организира хуманитарна евакуација на цивили.

ИЗДВОЕНИ