вторник, јуни 30, 2026
Дома МАГАЗИН За повеќе од 500 тужби за злоупотреба: Надбискупијата во Сан Франциско се...

За повеќе од 500 тужби за злоупотреба: Надбискупијата во Сан Франциско се согласи на спогодба – ќе плати 385 милиони долари

0
Фото:пекселс

Католичката надбискупија во Сан Франциско се согласи да плати 395 милиони долари за да реши повеќе од 500 тужби во кои се тврди дека свештенството сексуално злоупотребувало деца.

Според адвокатите што ја застапуваат жртвата, надбискупот на Сан Франциско Салваторе Кордилеоне ќе мора да напише писмо со извинување до секој преживеан како дел од спогодбата, објавува „Еуроњуз“.

Спогодбата, исто така, вклучува низа мерки за подобрување на заштитата на децата и поголема транспарентност, вклучително и објавување на список на свештеници обвинети за сексуална злоупотреба, рече Џеф Андерсон, адвокат што застапува десетици жртви. Тој, исто така, најави независен процес за проценка на надоместокот за секоја жртва врз основа на околностите на секој случај.

„Работам со преживеани со децении и никогаш не сум видел нешто толку значајно, темелно и сеопфатно како мерките што се бараат од надбискупијата во Сан Франциско“, рече Андерсон.

Спогодбата, која доаѓа три години откако надбискупијата поднесе барање за банкрот, претставува околу 530 жртви на сексуална злоупотреба и е најновата во низата големи спогодби во случаи на сексуална злоупотреба во Католичката црква.

Надбискупот Салваторе Кордилеоне рече дека верува оти спогодбата ќе обезбеди „праведна компензација за преживеаните кои го носеле товарот на оваа злоупотреба целиот свој живот“.

„Се надеваме дека овој договор ќе ни овозможи да продолжиме заедно напред. Ја прифаќаме целосната одговорност за она што се случи и искрено им се извинувам на сите засегнати“, рече Кордилеоне.

Покрај средствата, надбискупијата ќе мора да исполни 14 барања за заштита на децата и транспарентност, кои вклучуваат одржување и објавување на сеопфатен, ажуриран список на сите обвинети свештеници со детали за обвинувањата и резултатите од истрагите, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ