четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА За фрлање градежен шут изречена глоба од 20.000 евра

За фрлање градежен шут изречена глоба од 20.000 евра

28

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана Купишта, бил затечен камион што незаконски фрлал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.

Од Општина Аеродром информираат дека од страна на општинскиот Инспекторат бил издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот.

– За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност. Општина Аеродром продолжува со засилените инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на нејзина територија – соопштија од локалната самоуправа.

Притоа, апелираат до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи, во спротивно, за секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.

 

 

ИЗДВОЕНИ