петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН За два месеци Грција ќе снема гориво

За два месеци Грција ќе снема гориво

63

Висок раководител во грчкиот рафинериски сектор денес изјави дека земјата има резерви на гориво за два месеци, поради загриженоста на пазарот дали Грција ќе може да одржува соодветни залихи на гориво ако кризата во Персискиот Залив продолжи.

„Целосно сме обезбедени два месеци. Доколку пловидбата во Ормускиот теснец не се обнови, ситуацијата ќе стане потешка подоцна“, изјави за „Катимерини“ висок раководител на рафинерија.

Грција има четири рафинерии, во Аспропиргос, Елефсина, Солун, со вкупно производство на основни нафтени производи што ја надминува домашната побарувачка. Повеќе од 50 проценти од производството се извезува, додека безбедносните резерви го надминуваат задолжителниот износ за покривање на побарувачката за 90 дена.

Пловидбата низ Ормускиот теснец, низ кој минува околу 20 проценти од светската трговија со нафта и течен природен гас, е запрена од крајот на февруари, кога започна конфликтот меѓу САД и Израел со Иран.

ИЗДВОЕНИ