сабота, јули 11, 2026
Дома СВЕТ Во пресрет на претстојниот пеколен викенд: Француските комунисти го отвораат седиштето во...

Во пресрет на претстојниот пеколен викенд: Француските комунисти го отвораат седиштето во Париз за граѓаните поради топлотниот бран

6
Фото:википедија

Комунистите одлучија утре и во недела од 12 до 18 часот да ги отворат вратите на своите штабови во Париз поради топлотниот бран, објави Француската комунистичка партија, додавајќи дека граѓаните кои се во близина ќе можат да се разладат.

Париз и неговата периферија утре ќе бидат под црвена временска тревога поради најавените високи температури.

Денес во Франција веќе се измерени околу 40 степени Целзиусови.

„Овој викенд, Париз ќе доживее екстремно високи температури. Оваа ситуација бара секој да може да се засолни на ладни места, особено најосетливите“, се вели во соопштението на комунистите.
Додадоа дека пристапот до ладење е право, а не привилегија.

„Исто така, ова ќе биде можност посетителите да го откријат ова исклучително место, заштитен историски споменик“, се вели во соопштението, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ