сабота, јули 11, 2026
Дома КУЛТУРА Со кипарскиот филм „Држи се за мене“ започна официјалната програма на филмскиот...

Со кипарскиот филм „Држи се за мене“ започна официјалната програма на филмскиот фестивал „Преку езерото“

11

Со проекцијата на кипарскиот филм „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, вечерва во 21 часот во амфитеатарот во Стар Дојран започна официјалниот натпреварувачки дел од петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“.

Според организаторите, за официјалната селекција оваа година се избрани филмови кои обработуваат различни проблематики од Медитеранот. Во официјалниот дел од програмата публиката ќе може да ги проследи и „Коцкарот” во режија на Мохсен Бахари од Иран, „Кома” во режија на Агим Абдула од Македонија, „Месо” во режија на Димитер Стојанович од Бугарија, „Одразот во мртвиот дијамант”, во режија на Елен Кате и Бруно Форцани од Белгија и „Кармадона” во режија на Александар Радивојевиќ од Србија.

Годинава публиката ќе може да погледне 16 краткометражни филмови од кои 10 домашни и 6 странски, како и 13 студентски од трите факултети.

За филмовите во главната селекција ќе одлучува жири во состав: Мирослав Митиќ, продуцент, Елеонора Венинова, режисерка и Емили Ришел, претставничка од Франција.

ИЗДВОЕНИ