сабота, септември 26, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ се збогуваше со соработниците во кабинетот со танц и „А сад...

Вучиќ се збогуваше со соработниците во кабинетот со танц и „А сад адио“/ВИДЕО

1
screenshot Instagram

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска преку објава на Инстаграм соопшти дека го завршува својот втор претседателски мандат и дека по тој повод организирал коктел-прием за вработените во неговиот кабинет.

„Ви благодарам што бевте истрајни, дури и во моменти кога се случуваа работи што не ви се допаѓаа. Несомнено правев грешки – како што секој нормален човек ги прави секојдневно. И бескрајно ви благодарам за сè. Десет години од животот не се малку време“, им рекол Вучиќ на вработените, според објавата на неговиот профил на Инстаграм.

Вучиќ се прости од членовите на својот кабинет со танц, оро и со песните „А сад адио“ и „Четири године“.

Тој претходно најави дека во недела навечер ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија и дека ќе ја образложи својата одлука пред јавноста.

„Недела ќе биде напорен ден. Во недела навечер поднесувам оставка – мислам дека тоа ќе биде околу осум часот“, им изјави Вучиќ на новинарите во Њујорк во четвртокот вечерта.

Откако Вучиќ ќе поднесе оставка од претседателската функција, неговата должност како вршител на должноста претседател ќе ја преземе Ана Брнабиќ, претседателката на распуштениот српски Парламент.

Според Уставот на Србија, претседателски избори мора да се одржат во рок од три месеци од денот на поднесувањето на оставката.

ИЗДВОЕНИ