сабота, септември 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА По објава на видео на социјална мрежа, педофил сам се пријавил во...

По објава на видео на социјална мрежа, педофил сам се пријавил во полиција

201

Педофил од Тетово сам се пријавил во полиција откако видео било објавено на социјалните мрежи кое најверојатно укажувало на грозоморниот чин. Полицијата му поднесе кривична пријава за силување на дете на 62 годишниот маж.

-На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија од СВР Тетово. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ