сабота, септември 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тетовец измамен на интернет оглас, платил за автомобил, никогаш не го добил

Тетовец измамен на интернет оглас, платил за автомобил, никогаш не го добил

34

Лажна продажба на половни автомобили има на социјалните мрежи кои станаа плодна почва на измами особено кон повозрасните. Тетовец платил за автомобил за кој се информирал преку оглас на интернет но возилото никогаш не го добил од огласувачот. Сфатил дека е измамен кога по втор пат му побарале 2500 евра со изговор дека парите не се легнати на сметка

-На 25.09.2026 во 13:20 часот во СВР Тетово, 65-годишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.490 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал оглас за продажба на патничко возило, објавен од лицето, по што стапил во контакт со лицето. Откако се договориле лицето ја побарало сумата како аванс со ветување дека возилото ќе биде испорачано во рок од седум дена, по што тој му ја уплатил сумата преку девизна сметка. Како што е пријавено, наредниот ден лицето побарало уште една уплата под изговор дека средствата не пристигнале, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово. Случајот е пријавен и во Секторот за компјутерски криминал. Од здружението на потрошувачи редовно апелираат да се внимава од кој огласувач се купува на социјалните мрежи. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ