ФОТО: ФФМ
Фудбалската репрезентација на Македонија со убедлив пораз го стартуваше новото издание од Лигата на нации. И покрај најавите дека навивачите ќе бидат сведоци на нешто сосема спротивно, во споредба со последните четири натпревари, избраниците на Гоце Седлоски, повторно одиграа под очекуваното ниво и сосема заслужено со убедливи 3:0 беа поразени од селекцијата на Швајцарија.
Гостинот дојде до планираните три бода со двата погодока на Амдоуни и тој на Флуре, а „црвено-жолтите“ ја продолжија серијата од без победа која трае повеќе од една година и таа од пет натпревари на кои не сме постигнале ниту еден погодок, а сме примиле вкупно единаесет.
Дека ситуацијата, кога е во прашање националниот тим, е повеќе од алармантна, покажува и фактор дека Швајцарија упати вкупно 23 удари кон противничкиот гол, 11 во рамките од голот, додека избраниците на Седлоски упатија два удари, но ниту еден во рамките од противничкиот гол.












