сабота, септември 26, 2026
Дома СПОРТ Реал (М) купува нов дефанзивец за 110 мил. евра

Реал (М) купува нов дефанзивец за 110 мил. евра

0
epa13223651 Real Madrid's Ibrahima Konate (C) in action during the UEFA Champions League soccer match between Real Madrid and Inter Milan in Madrid, Spain, 08 September 2026. EPA/JUANJO MARTIN

Со сите врвни „ѕверови“ во нападот, Реал (М) може да постигне гол во секое време, но се чини дека премногу често прима голови.

Елче им даде два гола во последниот натпревар, а речиси секој ривал ја тресеше мрежата на „кралскиот клуб“ барем еднаш. Против Интер, на пример, среќата му беше наклонета на Реал (М), можеа да доживеат дебакл.

Одбраната требаше да биде „стегната“ со доаѓањето на Ибрахима Конате од Ливерпул, но очигледно не е така. Сега се појави информација дека Жозе Мурињо сака стопер кого добро го познава од Премиер лигата и бара од клубот да го доведе уште во јануари.

Според информациите на англискиот новинар Греам Бејли, челниците на Реал (М) внимателно го следат репрезентативецот на Англија, но неговиот трансфер воопшто нема да биде лесен.

Најголемата пречка е цената. Евертон не сака да продаде еден од своите најважни играчи, а доколку се согласи на преговори, бара дури 93 милиони фунти, или околу 110 милиони евра.

Џарад Брантвајт игра навистина добро, но прашањето е, дали навистина вреди 110 милиони?! Сепак, во денешниот фудбал ова стана нормално и речиси и да нема играчи под 70 милиони евра.

Во Мадрид веруваат дека оваа сума е превисока, особено затоа што Брантвајт не е планиран како прв избор во одбраната. Откако Едер Милитао, Дин Хујсен и Ибрахима Конате се дел од долгорочните планови на клубот, Реал бара уште еден квалитетен централен бек за да ја прошири конкуренцијата во задната линија.

Евертон нема намера да ја намали својата цена затоа што Брантвајт го продолжи договорот до 2030 година минатото лето и клубот го гледа како еден од камен-темелниците на тимот во наредните сезони.

Но, ако Мурињо инсистира на него, нема сомнение дека веќе би можеле да го видиме во дресот на Реал во јануари, кој ќе има сериозен проблем со Барселона, која навистина изгледа незапирливо.

ИЗДВОЕНИ