Српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, изјави дека има големи очекувања од самитот во Тиват.
„Се надеваме дека ќе има најава за некаква промена во методологијата, но мора да работиме напорно, и затоа е формиран тим предводен од Данијела Апостоловиќ и работи секој ден. Исто така, се надевам дека Кошта ги разбира нашите фрустрации што не сме отвориле ниту еден кластер пет години, поради конфликтот во Украина, рече Вучиќ. Но, се надевам дека доаѓаат подобри времиња. Благодарение на европската автомобилска компанија, Стелантис, значително го зголемивме извозот оваа година, што ја подобрува нашата стапка на раст и БДП, а исто така сакам да кажам дека 60 проценти од нашата трговија оди во ЕУ, а тие се убедливо најголемите инвеститори во нашата земја“, додаде Вучиќ.
„Се гледаме вечерва во Црна Гора, ако не претставувам хибридна закана“, му рече Вучиќ на Кошта на крајот од своето обраќање.











