Српскиот претседател Александар Вучиќ и српската делегација се на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
На почетокот на средбата, рускиот претседател ги поздрави Вучиќ и српската делегација и рече дека високо го цени нивното доаѓање во Москва и покрај притисокот.
„Почитуван господине претседателе, драг пријателе, дозволете ми срдечно да ве поздравам во Москва. Искрено цениме што сте со нас на овој значаен ден и што лично учествувате во празничните настани“, му рекол Путин на Вучиќ.
Путин и Вучиќ накратко се сретнаа вчера во Кремљ на приемот на светските претставници кои отпатуваа во Москва за да присуствуваат на прославата на Денот на победата.
Вучиќ претходно денеска присуствуваше на воената парада на Црвениот плоштад во Москва, која беше организирана по повод Денот на победата во Втората светска војна, а на која присуствуваа повеќе од 11.500 војници на руското Министерство за одбрана и други безбедносни структури, како и возила од други земји, учесници во војната.