петок, септември 18, 2026
Дома БАЛКАН Два силни земјотреси ја погодија Грција!

Два силни земјотреси ја погодија Грција!

1

Два земјотреса ја погодија Грција утрово, посилниот од нив имаше магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓаше на околу 25 километри од островот Скијатос, а потресот беше регистриран на длабочина од околу 10 километри, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случи околу 6:40 часот наутро, а жителите од околината изјавија дека се вознемирени од потресот.

„Зградата се затресе“, „беше силен, но краткотраен“ и „чувствував како креветот ми се ниша“ беа само дел од коментарите што корисниците ги објавија на веб-страницата на EMSC.

Неколку часа подоцна, во 9:42 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со магнитуда од 4,2 степени. Според грчкиот весник „Катимерини“, епицентарот бил во морето, на околу пет километри источно од Василика во северниот дел на островот Евија.

Во својата првична проценка, Геодинамичкиот институт наведе дека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 16,8 километри. Според достапните информации, потресот го почувствувале и некои жители во регионот Атика.

ИЗДВОЕНИ