Во Колумбија денес се одржува втор круг на претседателски избори, при што гласачите избираат помеѓу бизнисменот и адвокат Абелардо де ла Есприела и конгресменот Иван Сепеда, кои нудат различни стратегии за справување со високата стапка на организиран криминал во земјата.
Де ла Есприела и Сепеда ги победија деветте преостанати кандидати во првиот круг од изборите на 31 мај со 44 и 41 процент од гласовите, според официјалните резултати.
Двајцата кандидати на гласачкото ливче денес нудат стратегии за спречување на низа кривични дела, вклучувајќи бомбашки напади со автомобили, киднапирања и присилно раселување.
Де ла Есприела предлага цврст пристап што му ја донесе поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, додека Сепеда ветува дека ќе ги продолжи напорите на актуелниот претседател Густаво Педро, вклучително и воспоставување дијалог со нелегалните вооружени групи.
Двајцата кандидати нудат и различни решенија за здравствениот систем на земјата, зголемувањето на јавниот долг и корупцијата.
На денешното гласање се регистрирани повеќе од 41 милион гласачи.
Де Ла Есприела вети дека ќе преземе мерки против криминалците и ќе изгради 10 мега-затвори, имитирајќи ги политиките на претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, кои ја намалија стапката на убиства, но исто така поттикнаа обвинувања за кршење на човековите права.
Сепеда сака да го продолжи планот на Петро за постигнување „тотален мир“ преку преговарање за пактови со герилци и криминални банди.
Кандидатите жестоко се обвинуваа меѓусебно за измама, купување гласови и заплашување во пресрет на гласањето.
Сепеда поднесе жалба до колумбискиот државен обвинител и до Меѓународниот кривичен суд против Де Ла Есприела, обвинувајќи го за врски со паравоени групи, што тој го негира, пренесува „Бета“.












