ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Обид за киднапирање снимен на камера во Париз, oсомничени ќерка и внук на директор на компанија за трговија со криптовалути

306

Маскирани лица се обидоа да киднапираат брачен пар и нивното дете денес во центарот на Париз, а меѓу осомничените за киднапирањето се ќерката и внукот на директорот на компанија за трговија со криптовалути, соопшти полициски извор, објавија француските медиуми.

Киднаперите речиси успеале да одвлечат пар со дете во комбе во 11-тиот арондисман во Париз, пишува „Ле Фигаро“.

Снимките од безбедносните камери покажуваат четири вооружени мажи со качулки како напаѓаат пар со дете, а мажот е удрен со противпожарен апарат.

Нападнатата жена инстинктивно го зграпчила пиштолот на еден од напаѓачите и го фрлила. Врисоците на нападнатиот пар го привлекле вниманието на минувачите, по што киднаперите избегале со возило, оставајќи го парот на улица.

Според првичните резултати од истрагата, меѓу осомничените за киднапирањето се ќерката и внуката на коосновачот и директорот на компанијата за трговија со криптовалути „Пејмиум“, основана во 2011 година.

Двојката и нивното дете, кое се обиделе да го киднапираат, биле однесени во болница со полесни повреди. Како што објави „Ле Фигаро“, истрагата за обидот за киднапирање е во тек.

Засега не се објавени други детали за овој инцидент.

ИЗДВОЕНИ